Вести Македонија Топ вести

Маричиќ: До нова година закон, за пописот да се спроведе во април догодина

Законот за попис назад во правда, новата верзија се пишува, тврди министерот Бојан Маричиќ.

Откако не помина пред изборите во собранието, сега ќе се менува одредбата за стапување во сила за пописот да се одржи во април 2021 пред локалните избори.

Маричиќ е уверен дека ќе има попис бидејќи така да се договриле со ДУИ.

-Ние имаме цврста определба и коалициски договор за спроведување на пописот идната година. Тоа е впрочем и делод коалицискиот договор меѓу Коалицијата Можеме и ДУИ. Законот беше доставен во Собранието пред изборите, како Влада остануваме повторно ќе го предложиме во собраниска процедрура, ќе има измени во роковите бидејќи оригинално кога беше предложен требаше да стапи во сила година дена откако ќе биде донесен. Сега нема време за толку чекање бидејќи за година дена отприлика ќе бидат локалните избори. Определба на Владата и на ДЗС пописот да се спроведе пред локалните избори, рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање по брифингот со новинарите.

Додека собранието профункционира во полна пареа Маричиќ не е сигурен дали владиното мнозинство ќе обезбеди поддршка и од опозицијата.

Пописот треба да биде статистичка, а не политичка работа, вели пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова, одговарајќи на новинраско прашање дали ќе го поддржат законот во Собрание.

Но, затоа пак Маричиќ обелодени дека во претходниот период се воделе интензивни преговори со претставници на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за отворени листи на претстојните локални избори, кои треба да се одржат есента догодина.

Планот е до април наредната година, шест месеци пред локалните избори, да бидат усвоени измените во Изборниот законик за отворените листи.

ЕУ инсистирала да не се менуваат правилата на игра непосредно пред одржувањето на избори, брифираше денеска министерот за правда.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе