Свет

Навални преку фотографија на Инстаграм потврди дека самостојно дише

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, објави денеска своја фотографија на Инстаграм од болничкиот кревет во Германија, потврдувајќи дека почнал да дише самостојно.

“Ми недостасувате. Се уште не можам многу да правам, но вчера самостојно дишев цел ден” – напиша Навални на сликата на која е гушнат од сопругата Јулија а покрај него се и двете негови деца.

Навални додава и дека самостојното дишење е чудесен процес чие значење  многумина го потценуваат.”Силно го препорачувам” – хумористично порачува рускиот опозиционер.

44 годишниот Навални со авион беше пренесен на лекување во Берлин, два дена откако на 20-ти Август му се слоши во текот на авионски лет во Русија.

Германска воена лабораторија потврди дека Навални бил отруен со Новичок, истиот отров од времето на Советскиот Сојуз, кој беше употребен против поранешниот руски шпиун Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Салисбури, Англија, 2018-тата година. Овој наод го потврдија и лабораториите во Франција и Шведска, но официјален Кремљ ги отфрли апелите на канцеларката Ангела Меркел и други лидери за истрага за наводното труење на Навални, отфрлајќи какво било вмешаност во инцидентот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе