Македонија Топ вести

Јанева во Гевгелија, Боки 13 на интензивна – рочиштето за невластено снимање одложено

Седеле и се дружеле, а Боки 13 ја сликал и снимал. Ексобвинителката Катица Јанева во тужбата до кривичниот суд тврди дека Боки 13 направил 22 фотографии без дозвола и потоа ги користел за најразлични цели. Наместо да се спротистават во судницата за прв пат откако јавноста ги гледаше како обвинетие во „Рекет“, рочиште се одлжи бидејќи тужителката Јанева е во куќен притвор во Гевгелија, а тужениот Боки 13 на интензивна нега откако го оперираше желудникот. Адвокатите на Јанева очекуваат три месеци затвор за Боки 13, иако висинат ана казанта не е толку важна за нив.

Јанева поднесе тужба на 12 март додека обвинителката Вилма Русковска со фотографија по фотографија  докажауваше дека Јанева и Боки 13 интензивно се дружеле. Најголемо внимание на јавноста тогаш од нив привлекоа фотографиите и кратките снимки на кои се гледа како Јанева седи во дневната соба од нејзиниот дом во Скопје, а на масичката пред неа има снопче со пари. Имаше и фотографии напрaвени во ресторани и во нејзината канцеларија во СЈО.

Јанева доби 7 години затвор токму ззради тие фотографии, но во вој случај сака да докаже дека и нарушена нејзината приватност. Судот, пак, одлучил да не го прифати барањео на обвинителството и да ја задражи ЈАнева во куќен притвор додека ја чека правосилснота на пресудата, но наредните 30 дена таа побарала да ги минува во Гевгелија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе