Министерот за правда, Бојан Маричиќ, најави промена на изборниот законик и воведување на отворени кандидатски листи, ако за тоа има и политичка војла од партиите. Мерката е дел од работниот план што ќе треба да го реализира министерството коешто го предводи.
„Ќе работам на измените на изборниот законик со кои ќе се воведе принципот на отворени кандидатски листи уште при првите локални избори наредната година“, рече Маричиќ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.