Свет

Словачката полиција уапси уште тројца судии во случајот со убиството на новинарот Јан Куцијак

Специјална единица на словачката полиција денеска уапси тројца истакнати судии и двајца наводни соучесници поради сомнение дека се вклучени во корупција.

Полицијата на својата страница на Фејсбук денеска соопшти дека е поведена кривична постапка против уште шест лица.

Германската агенција, повикувајќи се на наводи на локалните медиуми, соопшти дека се уапсени шефот на регионалниот суд во Жилина, шефот на тамошниот Окружен суд и пензиониран судија.

Од убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница во февруари 2018 година, словачката полиција истражува коруптивни врски во судството.

Милионерот Маријан Кочнер, обвинет дека го нарачал убиството на новинарот, се наведува дека систематски поткупувал и уценувал судии и обвинители со цел да купи ослободителни пресуди во неговите бројни измамнички скандали. Убиството на новинарот и истрагата што следеше открија и други случаи на корупција во судството.

Во март годинава беа уапсени тринаесет судии, вклучувајќи ја и поранешната државна секретарка за правда, Моника Јанковска. За неа се вели дека манипулирала со судските постапки во име на Кочнер.

На 3 септември, Кочнер беше изненадувачки ослободен од обвинението дека го нарачал убиството на Куцијак, кој известувал за матните зделки на Кочнер, но и за други случаи на корупција.

По убиството имаше масовни демонстрации што доведоа до оставка на тогашната влада. Ослободителната пресуда на Кочнер поради недостиг на докази предизвика негодување на меѓународно ниво, но пресудата се уште не е конечна бидејќи јавниот обвинител поднесе жалба. пренесува ДПА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе