Македонија Најважни

98 нови случаи корона вирус , 2 починати лица во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-17, Куманово-13, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-5, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-7, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-2, Ресен-2. 

 

Починати се 2 лица во болнички услови, пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 35 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.Во болницата во Козле хоспитализирани  се  5 деца и 5  мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 138, позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенит од: Скопје-19, Куманово-7, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Берово-3, Делчево-3, Свети Николе-2. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15791,  бројката на оздравени пациенти е 13184, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1959.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе