Култура Свет

Земја на номади со Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција

Американскиот филм “Земја на номади” ја освои главната награда во Венеција, златниот лав, на првиот филмски фестивал одржан со публика,  по избувнувањето на пандемијата со Ковид.

Филмот на Клои Жао, по потекло од Кина, ја раскажува животната приказна на средовечна вдовица. Ја игра Френсис Мек-Дорманд, која живее како номад по финансиската криза од 2008-та година во Соединетите држави.  Високи признанија добија и режисерите Мичел Франко за филмот “Новиот поредок” и јапонецот Кијоши Куросава, за делото “Жена на шпиун”.

Одржувањето на 10-дневниот филмски фестивал во Венеција, никој не можеше да го претпостави откако кон крајот на февруари, северна Италија стана првиот голем епицентар на пандемијата со корона-вирусот во Европа.

Канскиот филмски фестивал беше откажан, а останите големи меѓународни фестивали, во Торонто и Њујорк, во најголем дел се одржаа онлајн.

Сепак, откако со строгиот 10-неделен карантин, Италија успеа да се справи со пандемијата, филмскиот фестивал во Венеција беше закажан, но со строги безбедносни протоколи. Носењето маски беше задолжително внатре и надвор. Сите посетители мора да имаа резервации однапред, а кино салите работеа со преполовен капацитет. На црвениот тепих не беше дозволено присуството на публиката, а на папараците , кои вообичаено со изнајмени чамци ги прогонуваа филмските ѕвезди, им биле доделени стриктни позиции , со социјално дистанцирање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе