Свет Топ вести

Околу 13.000 од вработените во училиштата во Италија позитивни на Ковид-19

Во Италија досега речиси 50 проценти од вработените во училиштата биле тестирани за вирусот Ковид-19, што е околу 500.000 наставници и ненаставен училишен персонал, а 2,6 проценти од тестираните, односно околу 13.000 лица се позитивни.

Ова се податоци објавени од канцеларијата на италијанскиот специјален комесар за вонредни ситуации, Доменико Аркури.

Најголем број тестови се спроведени во Ломбардија, каде биле тестирани 70 отсто од вработените, додека Сардинија е на последно место со 5 отсто. Извештајот не го опфаќа регионот на Лацио, кој го спроведе тестирањето независно, јави агенцијата Анса.

Се очекува на 24 септември процентот на тестирани работници во училиштата во Италија да се зголеми на 60 до 70 отсто.

Како што беше најавено, од 14 септември, кога ќе започне училишната настава во поголемиот дел од Италија, ќе се доставуваат околу 11 милиони заштитни маски дневно, што ќе им бидат неопходни на учениците за влез во училиштето.

Бројот на нови случаи на дневна основа во Италија продолжува да расте, а според последните податоци, регистрирани се 1.597 нови случаи на Ковид-19.

Во исто време, се разгледува можноста за скратување на периодот на карантин во Италија од 14 на десет дена, за што проценка ќе даде Научно-техничкиот комитет на состанок во вторник

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Обид за компјутерска измама со податоци на владата- Нема таква мерка од 100 евра, граѓаните да внимаваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе