На 23 Септември водството на ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочи во судница со шефицата на обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска која ја тужи партијата за клевета, откако се најде во нивните предизборни редизборни спотови во негативна контекст како извршител на власта.
Русковска повкрена тужба пред граѓанскиот суд со која бара отштета од 10 000 евра. За Телма вечерва го потврди датумот на рочиштето и изјави дека доколку го добие процесот, парите од отштетата, минус оние за судските трошоци, ќе ги даде во хуманитарни цели, односно ќе ги донира на СОС Детското село.
