Сто и десет деца во Свети Николе денеска не се згрижени во најголемиот објект Клон 1 на детската градинка „Рахилка Гонева“, од причина што вработена е со симптоми на Ковид 19.
Вработената извршувала припремните работи за прием на дечињата, а во согласност со Протоколот и Алгоритамот од Министерството за труд и социјална политика за постапување, раководството било принудени денес да не ги отвори вратите за прием на дечињата во Клон 1.
Додека не добиеме официјални резултати од тестирањето на вработената и епидемиолошка слика за нејзините контакти со вработените во градинката,овој објект нема да го пуштиме во функција, вели за Телма светиниколскиот градоначалник Сашо Велковски.
Инаку денеска во Свети Николе не се згрижени околу 66 проценти од децата, за кои родителите побарале да бидат згрижени. Во останатите два објекти во Свети Николе и Лозово денеска се примени вкупно 35 деца.
Викторија Јованова
