Македонија Топ вести

Државата да ја заостри казнената политика за да се превенираат сообраќајки со смртни последици

Загрижува трендот на поблагата казнена политика за сообраќајки со смртни последици последниве години, оценуваат правните експерти. Се разбранува и пошироката  јавноста по  условна пресуда за Васил Чорбаџиев кој поминувајки на две полни линии кај Млечен, предизвика сообраќајка во која животот го  32 годишниот Гоце Димитриевски а неговата бремена сопруга го загубил плодот и се здоби со тешки телесни повреди. Граѓани до редакцијата на Телма алармираат дека и во други сообраќајки со смртни последици  судот пресудувал условни казни. Експертите посочуваат дека при поголема застапеност на овие кривичните дела, државата треба ја заостри казнената политика за да ги превенира.

За кривичното дело за кое се гони Чорбаџиев законодавецот предвидел од 1 до 5 години затвор, судот изрекол условна. Без многу детали и објаснувања од судот посочија дека по кое дело ке одговара некој одлучува обвинителството а за пресудата во само една реченица објаснија дека е донесена по признание на вина и врз основа на сите олеснителни и отежителни околности.

Сопругата на починатиот Гоце Димитриевски, вчера поднесе претставка до судскиот совет за судијката Елена Илиевска Јосифвиќ и побара нејзино разрешување наведувајки ги сите забелешки. Најави претставка со Советот на јавни обивнители и за обивнителката, бидејки поднела обивнение во кое тврди дека Чорбаџиев делото го сторил од небрежност и поради пристрасност.

Елена Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе