Најважни Свет

Црногорската опозиција ги договори основните насоки на идната влада

Лидерите на трите опозициски коалиции кои победија на парламентарните избори во Црна Гора ги претставија основните насоки на иднината, експертската влада, нагласувајќи дека нивната цел е да ја внесат Црна Гора во ЕУ и да преиспитаат одредени закони, вклучително и Законот за слобода на вероисповед, како и носење на законот за потекло на имот и законот за лустрација.

На прашањето дали коалицијата на овие три групации  е завршена работа, лидерот на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ, како гостин во емисијата на ТВ Вијести, рече дека се договориле многу брзо и лесно.

– Кога имате јасни принципи и јасна цел, луѓето лесно се согласуваат. Бевме водени од гласот на народот, а не од гласот на политиката, рече Кривокапиќ, кој дополни дека се уште не размислува кој ќе биде мандатар.

Тој истакна дека опозицијата ја победи ДПС на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, „под негови услови, на негови избори“.

Кривокапиќ рече дека првото нешто што ќе го стори владата е да ги продаде двата автомобила „мајбах“ и да ги врати парите на граѓаните.

Тој вели дека „критериумите за квалитет“ се веќе подготвени за избор на експертски членови на владата, за кои, како што најави, останатите брзо ќе се согласат.

Кривокапиќ уште рече дека подадената рака кон националните малцинства е вистинска и оти нема да тргуваат, како што ДПС тргувал.

Лидерот на коалицијата „Мирот е наша нација“, Алекса Бешиќ рече дека ова не е ниту проруска ниту просрпска ниту проалбанска, туку процрногорска власт.

Бечиќ истакна дека нема да има промени во курсот на надворешната политика и дека новата влада е подготвена да ги спроведе сите реформи.

– Нашата цел е да ја воведеме Црна Гора во Европската унија, рече Бечиќ

Лидерот на коалицијата „Црно на бело“, Дритан Абазовиќ, смета дека новата влада треба да дејствува „спротивно од старата“ и предупредува дека Црна Гора ќе се соочи со тешка есен и зима во економска смисла.

– Важно е да се прифати концептот на експертска влада, нагласи Абазовиќ.

Тој  рече дека има многу закони што треба да се ревидираат, вклучувајќи го и Законот за слобода на вероисповед.

Абазовиќ повтори дека Ѓукановиќ е „неважна личност“ од неделата вечер, што, како што рече, е многу добро за Црна Гора.

– Можно е да пробаат некои опструкции. Би било добро, по формирањето на владата,Ѓукановиќ по неколку месеци да даде оставка  и да распишеме претседателски избори, рече Абазовиќ.

Тој додаде дека опозицијата поразила некој што се сметаше за непобедлив и им го вратила суверенитетот на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинетите ексдиректори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат во ефективен притвор

Дејан Дејан

Иран нема да преговара се додека не запрат израелските напади

Дејан Дејан

Манев кажа кому го дал пиштолот со кој се убиени Вања и Панче – лицето е уапсено

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе