Вести Македонија Топ вести

Самоубиствени бомбашки појаси најдени кај терористичка група повратници од ИСИС-ден пред првиот роденден на АНБ

Метални лагери залепени на картон, покриени со експлозив и сето тоа спакувано во црни појаси со запалки за активирање од рачни бомби. Појасите кои се користат за терористички акции на бомбаши самоубијци се најдени не на блискиот исток туку во Македонија, во Куманово- кај припадници на терористичка група уапсена вчера.

Имале магацин во близина на Куманово каде криеле 6 пушки, муниција, бомби и друга воена опрема, а имале и знаме со симболите на ИСИС.

Терористичката тројка веќе била во Сирија како дел од ИСИС, а по враќањето одлежале и 3 годишни затворски казни. Излегле од македонските затвори лани летото и оттогаш почнале да планираат напади и терористички закани.

Најмладиот има 22 години, најстариот водач на терористичката келија е 28 годишен. Во соопштението на МВР е наведено и дека во злосторничката организација ќелија биле регрутирани уште неколку лица. Во акцијата учествувала со свои податоци и Агенцијата за национална безбедност.

-Беше откриено дека групата набавила поголемо количество оружје наменето за искористување во напади врз витални државни објекти. Истрагата е во тек и ќе бидат соопштени повеќе сознанија за јавноста кога ќе бидат откриени, потенцираше директорот на АНБ Виктор Димовски кој на брифинг со новинари по повод прославата на годишнината од формирањето на Агенцијата не соопшти повеќе детали ниту за кои витални објекти станува збор ниту за начинот како се најдени тројцата осомничени терористи.

Акцијата се случила ден пред денешниот прв роденден на новата тајна служба АНБ, а меѓу приоритетите на агенцијата останува и борбата против ектремизмот и тероризмот, како и внимание врз повратници од ИСИС за кои се прават напори да се ресоцијализираат во современото општество по враќање од шеријатскиот начин на живот во калифатот. За АНБ приоритети се и надгледувањето на состојбата со илегалната миграција и бегалците, хибридните и сајбер закани.

Засега АНБ и натаму е во кругот на МВР, а се подготвува операција за селење во македонија табак каде ќе им биде седиштето. Прославата ја збогати врвот на државата и врвот на безбедносните институции, беше посочено што е направено за една година и дека со реформите во секторот, АНБ сега е издвоена од МВР каде не постои озлогласената за злоупотреби на моќта УБК веќе не постои.

Досега и судските процеси против лидерите на злоупотреби се далеку од крај или поради спорите постапки во судница или поради бегства на осомничените.

-Во изминатитот едногодишен период беа направени значајни чекори на институционално позиционирање на новиот безбедносен субјект Национална агенција за безбедност. Сега имаме Агенција што работи целосно во согласност со Уставот и законските рами, како што и доликува на земја членка на НАТО, изјави претседателот на владата Зоран Заев.

Нелегалното прислушување нема, а АНБ има законска можност да купи и сопствена тактичка подвижна опрема за следење но се уште не купила. Старите инструменти на УБК не се соодветни на времето, тврди директорот Димовски кој се залага за постојано модернизирање на опремата, на тактиките на вработените, но и на обука на агентите.

Меѓу присутните на прославата го немаше Зоран Верушевски-советникот за национална безбедност на премиерот, а Заев рече дека неговиот нов советнички тим се уште не е готов без да прецизира дали во него ќе се најде место и за искусниот и како што рече негов добар пријател Верушевски.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе