Вести Македонија Најважни

Прва владина седница – нови заменици

Прва владина седница денеска – премиерот Зоран Заев и избраните министри ќе седнат во салата на Владата од каде во следниот мандат ќе носат клучни одлуки за државата. Како и на секоја прва владина седница ќе се определат замениците на претседателот на Владата. Прв вицепремиер е Артан Груби од ДУИ. Оваа функција се воведува прв пат во владината практика. Тој ќе биде и министер за политички систем. Вицепремиер за корупција, одржлив развој и човечки ресурси ќе биде Љупчо Николовски.

Никола Димитров е вицепремиер за европски прашања, а Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања. Неофицијално, денеска може да се разговара за избор на нов државен секретар, кој се избира на предлог на претседателот на Владата.

„На првата конститутивна седница се очекува да бидат разгледани предлозите за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, предлозите за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и предлозите за именување на претседатели и членови на посебните комисии, стои во известувањето од Владата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставни измени и внесување на Бугарите – Радев со порака до „браќата“ од Северна Македонија

Дејан Дејан

„Талир два“ за седиште на ВМРО ДПМНЕ во завршна фаза и во трка со времето- во август застарува

Дејан Дејан

(видео)„Бог, секс и ЕУ овие три работи не можете да ги предвидите“, одговори Еди Рама на прашањето кога Албанија ќе се приклучи на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе