Вести Македонија

Османи: Ахмети е повикан во Хаг како сведок

Пред државни микрофони не одговарам на партиски прашања, но Али Ахмети е повикан во Хаг како сведок, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи  на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по повод размената на ресорите.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утре треба да сведочи на Специјалниот суд за воените злосторства во Косово.

Како што беше потврдено од неговиот кабинет, Ахмети ќе оди за Приштина да сведочи за неговата улога во ОВК.

Меѓународните обвинители побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење.

Лидерот на ДУИ Ахмети минатиот месец на неговиот фб профил објави дека на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, како сведок и еден од основачите на ОВК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставни измени и внесување на Бугарите – Радев со порака до „браќата“ од Северна Македонија

Дејан Дејан

„Талир два“ за седиште на ВМРО ДПМНЕ во завршна фаза и во трка со времето- во август застарува

Дејан Дејан

(видео)„Бог, секс и ЕУ овие три работи не можете да ги предвидите“, одговори Еди Рама на прашањето кога Албанија ќе се приклучи на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе