Вести Свет

Ќе остане ли на власт Мило Ѓукановиќ?

Ќе успее ли Мило Ѓукановиќ да остане на власт и да го продолжи тридецениското владеење? По синоќешните прослави од двата табора, утринава работите станаа појасни. Преброени се сите гласови од вчерашните парламентарни избори, па така, владејачката Демократска партија на Социјалистите освои 35, 06 % од гласовте, опозициската коалиција „За иднината на Црна Гора“ – 32,55 отсто од гласовите, следуваат помалите партии, кои можеби ќе бидат клучни во формирањето на новата влада.

Излезеноста на изборите беше рекордна. Над 75%, што беше знак дека народот стана и по три децении се одлучи за промена. Иако опозицијата заостанува со неполни три одсто, очекувањата од граѓаните се дека сепак ќе се ослободат од деспотското владеење на Ѓукановиќ.

Се чувствувам слободно, подобро по 30 години. најважно е што сите луѓе ќе имаат еднакви права во ова земја, и никој не треба да се плаши дека власта треба да се менува. Ова е нашата опција и ние никој не мразиме, вели Душка Зечевиќ од Подгорица. 

Како што се читаа резултатите, во текот на ноќта беше очигледно дека во Црна Гора нешто се менува, и дека шансите за победа на опозицијата која е про-руски и про-српски свртена, се многу извесни. Освен низ Црна Гора, се славеше и во Белград, од каде ја поддржуваа опозицијата. „Слободата дојде“ порача главниот опозициски лидер, но ја понуди и раката за помирување, без оглед на разликите.

Црна Гора е поделена по сите рабови. И ако не ја понудиме раката за помирување сега, тоа никогаш не би се случило, порача лиудерот на опозициската „Коалиција за иднината на Црна Гора“, Здравко Кривокапиќ. 

Тесната победа на Ѓукановиќ ќе значи дека, освен со неговите коалициони партнери, за да формира мнозинство ќе мора да преговара со помалите партии, чија поддршка, веројатно ќе дојде и со голема политичка цена. Самиот Ѓукановиќ, во синоќешната изјава, како да се помири со фактот дека е време да се повлече.

Многумина во минатото до денеска се прашуваа дали Демократската партија на Социјалистите е во состојба да признае резултат кој е поинаков од очекувањата. Отсекогаш сме велеле „апсолутно да“ и еве и сега сакам и да повторам, рече Мило Ѓукановиќ. 

Ѓукановиќ бескрупулозно владееше со државата, богатејќи се на грбот на граѓаните, но членството во НАТО, и вртењето кон Западот, се чекори кои му беа признати. Според аналитичарите, почна да губи кога алчно се кандидираше за претседател во 2018-та, но најмногу  кога во декември го донесе законот за слобода за вероисповед. Црногорците тогаш се поделија, а на улицата се одржуваа протесни литии. Можеби нема да успее да формира влада, но Ѓукановиќ останува претседател, кој сега треба да го обедини народот кој сам го подели.

Алиса Шутиноска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што ќе значи новиот европски нон-пејпер за бугарските барања кон Македонија?

Дејан Дејан

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе