Вести Свет Топ вести

Отворени сите избирачки места во Црна Гора

Избирачките места за парламентарните избори во Црна Гора и локалните избори во Будва, Котор, Тиват, Андријевица и Гусиње беа отворени утрово во 7 часот, а граѓаните ќе гласаат до 20 часот.

Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места.

Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по враќањето на независноста.

На парламентарните избори учествуваат шест коалиции и пет политички партии.

Парламентарните избори ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски.

Претседателот на црногорската Државна изборна комисија (ДИК) Алекса Ивановиќ на правата прес-конференција соопшти дека гласањето почнало на речиси сите избирачки места во 7 часот, освен на едно место, каде почнало подоцна и таму гласањето, според правилата, ќе биде продолжено.

Тој исто така изјави дека на неколку избирачки места се појавил проблем со уредот за електронска идентификација, кои, како што рече, се решаваат во соработка со Министерството за внатрешни работи, а додека не се најде решение се врши визуелна идентификација.

Во меѓувреме, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица ги предупреди граѓаните на САД во Црна Гора за можноста за масовни собири.

– Црна Гора ќе одржи државни парламентарни избори во недела, 30 август 2020 година. Имајте ја на ум можноста за голем број луѓе и собири и оти мирните демонстрации можат да станат насилни. Глобалната пандемија на Ковид-19 создава дополнителни безбедносни проблеми, соопшти вчера Амбасадата на САД.

Од оваа дипломатска мисија им препорачуваат на своите граѓани да избегнуваат демонстрации, да внимаваат ако неочекувано се најдат во близина на собир на голем број луѓе или протести, да ги следат најавите во локалните медиуми, да бидат незабележливи, да носат маски на отворено и да одржуваат растојание за да избегнат зараза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кит Келог пристигна во Киев – нов состанок во Париз за Украина

Дејан Дејан

Партиски или владин карван ? Си врви, од ден во ден во секоја општина на чело со министерот Перински

Дејан Дејан

Зеленски со тврдење: Украинската војска е прилично отпорна, најотпорна во Европа, големо мнозинство на Украинци се против отстапки кон Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе