Македонија Топ вести

Православните христијани денеска ја празнуваат Голема Богородица

Православните христијани денеска ја празнуваат Голема Богородица.

Скопјани, традиционално на овој ден, го посетуваат манастирот посветен на успението на Пресвета Богородица во Центар, каде годинава одбележувањето требаше да биде во согласност мерките за заштита од ковид – 19.

Посетителите на себе носеа маски, а редиците на верници кои сакаа да влезат во храмот беа долги.

Според здравствените протоколи, не се служи храна и пијалаци како минатите години, но луѓето кои го одбрале овој дена за слава, кршеа леб, со маски на лицето, а на масите имаше средства за дезинфекција на рацете.

Граѓаните велат дека пандемијата не ги исплашила, ниту ги спречила да отидат во црква, затоа што ги почитуваат мерките за заштита.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЛДП: Додека се купуваат комбиња, поштенските објекти пропаѓаат

Tea Dimkovska

Експертска група подготвува мерки за обнова на моликата на Пелистер

Tea Dimkovska

Во Скопје ЗОО се родија две бели волчиња

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе