Свет

Трамп номиниран за претседател од републиканците – предупреди за фалсификат на изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги предупреди републиканците дека нивните противници може да се обидат да ги украдат ноемвриските избори, откако ја прифати номинацијата на својата партија.

Тие ја користат пандемијата коронавирус да го излажат американскиот народ им кажа Трамп на делегатите на републиканската конвенција во Северна Каролина.

Трамп го повтори обвинувањето дека гласањето по пошта, кое заради пандемијата се смета за најбезбеден начин за спроведување на изборите, би можело да предизвика фалсификат од невидени размери.

Ваквата теза на американскиот претседател не е поддржана од изборните комисии и експертите кои ја сметаат за целосно лажна конспиративна теорија.

Предизборните анкети навестуваат дека Трамп заостанува во поддршката зад кандидатот на демократската партија, Џо Бајден, во дел од нив и цели 10 анкетни поени.

Трамп преку снимени видео пораки ќе им се обрати на делегатите на конвенцијата секоја од четирите вечери, пред неговиот главен говор кој е закажан во четврток.

Заради пандемијата, републиканската конвенција се одржува без традиционалната помпа и со најголем дел претходно снимени обраќања на најверните поддржувачи на американскиот претседател.

“Ги фативме на дело како прават некои многу лоши работи. Мора да бидеме многу внимателни затоа што повторно се обидуваат да го направат истото со овие 80 милиони гласови преку пошта кои ги спремаат, ги испраќаат до луѓето кои не ги ни побарале. Не ги барале, но ги добиле. Тоа не е фер и не е правилно. Нема да може да се пресметаат тие гласови, според мене. Тоа е моето мислење. Мора да бидеме многу, многу внимателни. Мора да пазите. Секој од вас, мора да внимавате, затоа што лоши работи се случија и минатиот пат со шпиунирањето на нашата кампања” – предупреди Трамп.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Одбележување на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Дејан Дејан

Западните сили ризикуваат глобален судир, никому нема да дозволиме да ни се заканува – Путин на 79-годишнината од победата над фашизмот   

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе