Свет

Бајден: САД се пред пресвртна точка, Трамп мора да биде поразен

Џо Бајден вети дека ќе ја обедини Америка, зафатена од тешка здравствена и економска криза, прифаќајќи ја претседателската номинација на Демократската партија, што претставува врвот во неговата досегашна речиси 5-децениска политичка кариера одбележана со лични трагедии, политички грешки и поатрактивни ривали.

Својот говор Бајден пред го одржа пред неговите демократи и милионите американци пред малите екрани, за кои се надева дека ќе го пратат во Белата Куќа, да го замени Доналд Трамп. Овој момент на триумф помина без традиционалниот политички спектакл заради пандемијата коронавирус и Бајден зборуваше пред речиси празната сала наместо пред своите еуфорични поддржувачи. Пандемијата која предизвика страотни здравствени и економски последици во Соединетите држави, беше една од темите на кои се фокусираше Бајден и жестоко го нападна Трамп, обвинувајќи го дека ги игнорирал советите и препораките на експертите.

Претседателот постојано ни кажува дека вирусот ќе исчезне. Тој само чека чудо. Јас имам новост за него. Нема да има чудо. Ние сме први во светот според потврдени случаи но и според бројот на жртви. Нашата економија е во руини а црните луѓе, латино, азиско-американското и домородното население се најмногу на удар. И по сето ова време, претседателот се уште нема план, обвинува бајден.

Во говорот од неговиот роден град Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, Бајден оцени дека САД се наоѓаат пред пресвртна точка и пред претседателски избори како ниту едни досега во својата историја.

Избираме меѓу омразата, стравот, поделбите и темнината од една страна и емптијата, надежта , единството и светлината од друга страна, предупреди Бајден.

Ова се избори кои менуваат животи. Ова ќе одреди на што ќе личи Америка за долго, долго време. Карактерот е на гласачкото ливче. Како и сочувството. Пристојноста, науката, демократијата. Сето тоа е на гласачкото ливче. Кои сме како нација, за што се залагаме. Најважно од се, кои сакаме да бидеме. Сето тоа е на ливчето. Изборот не може да биде појасен, тврди бајден.

Последната ноќ на демократската конвенцијата беше водена од актерката Џулија Луис – Драјфус, позната по политичката телевизиска серија “ Потпретседателка” и жесток критичар на Трамп. Во текот на вечерта, ривалите на Бајден од Демократската партија, сенаторите Берни Сандерс, Елизабет Ворен, Ејми Клобушар и Кори Букер како и останатите, испраќаа пораки на поддршка за поранешниот потпретседател. Дел од нив секако ќе бидат дел и од неговата администрација, доколку победи на изборите.

77 годишниот Бајден, во случај на победа, ќе биде најстариот претседател на САД, во моментот на избор.

Анкетите во овој момент му даваат значителна предност, но 75 дена до гласањето, Трамп има и повеќе од доволно време, да ја намали разликата во поддршката.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Дејан Дејан

Остин: Претседателот на САД одлучи да се прекине испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе