Македонија Топ вести

Средба на Заев со партнерите од предизборната коалиција – Можеме

Заедничка средба со партнерите од предизборната коалиција – Можеме. СДСМ кој има 10 ресори ,како и две вицепремисерски места – за евроинтеграции и за економија, дел од својот колач веќе подели со БЕСА.

Партијата на Касами го има ресорот за замјоделие – каде нов министер ќе биде Аријанит Хоџа.

Она што е неизвесно, а треба да се дефинира токму на оваа средба, е дали Горан Милевски од ЛДП ќе остане да раководи со министерството за локална самоуправа.

Последните информации се дека Милевски, иако првично било предвидено тоа место да остане за кадар на СДСМ, сепак ќе продолжи да раководи со министерството за локална самоуправа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе