Економија Македонија

Еуростандард банка има имот и опрема вредни 11,5 милиони евра

Еуростандард банка има имот и опрема вредни 11,5 милиони евра. Од Народната банка за „Телма“ велат дека тоа е книговодствена вредност што банката ја прикажала во последниот биланс. Тврдат дека не се возможни никакви злоупотреби.

„Во периодот до отпочнување со работа на стечајниот управник, согласно со Закон, Народната банка ги презема сите активности за спречување обезвреднување и не се возможни негови злоупотреби.“- велат од Народната банка.

Кој ќе биде стечаен управник на Еуростандард банка ќе се знае во понеделник потврди за Телма претседателот на Основен 2, Илир Сулејмани.

Од Фондот за осигурување на депозити информираа дека за 20 дена од одземањето на дозволата на банката ќе ги информираат граѓаните каде ќе ги добијат потврдите и од кои банки ќе може да си ги подигнат парите. Блокирани се и над 100.000 сметки на граѓани кои примале плата, пензија или социјална помош од банката.

Проблемот пак со исписниците од затворената Еуростандард кои на граѓаните им ги барале другите банки за да отворат сметки кај нив веќе е решен. Директорот на Фондот за Пиом Зенељи, тврди ниту еден од околу 50.000 пензионери кои примале пензија преу Еуростандард нема да биде оштетен.

Денеска на состанок со банките, ние ги испративме сите фајловина пензионерите до банките и нема потреба никој да бара исписница. Значи тоа било некое недоразбирање. И ние сме пуштиле соопштение да ги запознаеме сите пензионери да одат до другите банки и да отворат нови трансакциски сметки. Само тоа треба да го направат, а бидејќи ние имаме договор за електронска размена на податоци со банките они ќе ни достават информации- вели Зејнели.

Сметка во други банки треба да отворат и социјалците, а потоа самата банка ќе го извести министерството за труд. Граѓаните треба да ја променат и  трансакциската од Еуростандард во апликацијата МОЈ ДДВ. А промена на банка треба да направат и вработените кои примале плата во Еуростандард, и за тоа треба да го известат работодавачот.

На над 136.000 граѓани за 20 денови треба да им бидат исплатени околу 72 милиони евра.Тоа се тие кои имале штеден влог до 30.000 евра кој влегува во обештетувањето, како и другите лица кои имале пари на сметка во банката. Останатите 780 депоненти кои имале депозит над 30.000 евра останатиот износ ќе треба да го побаруваат од стечајната маса.

Граѓаните кои користеле сеф во банката ќе го чекаат стечајниот управник и ќе можат да ги испразнат сефовите.

Додека пак пари на сметка во Еуростандард имале 2.087 компании. Тие парите ќе ги побаруваат од стечајната маса. За оние пак кои имале кредити во банката, ќе решава стечајниот управник. Законски целото побарување доспева веднаш.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен судија фатен со 10.000 евра

Дејан Дејан

Зоран Јовановски: Запалениот автомобил е порака од криминалците

Дејан Дејан

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе