Економија Топ вести

Агенцијата за вработување, од мај не го објавува бројот на невработени

Додека светот секојдневно брои колку работници добиле отказ за време на корона кризата, македонските бројки застанаа во мај. Агенцијата за вработување не ги објавува официјални податоци колку нови лица се пријавиле како невработени во јуни и јули поради отказ од работа. Последните лиферувани информации ги имаат заклучно со мај иако на почетокот на август веќе требаше да бидат објавени и бројките за јули. Директорката Билјана Јовановска е на одмор, и никој не знае кога податоците ќе бидат достапни за јавноста. Според она што е официјално на сајтот од март до мај, бројот на невработени во земјава се зголемил за нови 15.371 лица. Ако ги додадеме и неформалните бројки кои минатата недела за Телма ги даде Јовановска дека во јули имало прилив на нови 2.503 лица, а за јуни бројката била 3.656 излегува дека над 21.500 лица добиле отказ од работа од март до јули за време на корона – кризата. Но нема официјален податок колку лица во моментов се невработени.

Бизнисот веќе алармираше дека се спремаат нови откази, доколку итно не се формира Влада и не се донесе нов сет мерки за помош на компаниите. Стравуваат дека економските последици од Ковид 19 допрва следат.

„Се надевам дека новата влада кога ќе се формира најпрво што ќе почне да работи е да работи на евентуалната нова помош на компаниите, со цел да се задржат компаниите  да не се затворат бидејќи без таква помош бројот на компаниите во септември, октомври, па и ноември што ќе се затворат може да биде многу голем“- вели Димитров.

И додека земјава нема податок ниту анализа колку лица добиле отказ од работа поради корона-кризата, дури и некои од земјите од регионот, бројките за изгубени работни места ги објавуваа заедно со бројот на новозаболени со вирусот. Босна денеска објави дека најмалку 32.000 лица изгубиле работа од почетокот на корона-кризата. А Британија пак брои 220.000 помалку вработени во вториот квартал, или регистрираше најголема загуба на работни места од 2009 година.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Пендаровски зборува како кандидат за премиер, го мобилизира членството на СДСМ и го глуми Зоран Милановиќ

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе