Македонија Топ вести

Нухиу на фејзбук објави за двојазични униформи на МВР, па се дообјасни преку соопштение

Со фотографија од себе си, пенкало во рака и поглед вперен кон амблемот на министерството за внатрешни работи актуелниот министер Агим Нухиу објави вест. Рано утрово на својот фејсбук профил напиша само на албански јазик „Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик“. Откако дел од медиумите ја пренесоа веста, после четири часови стигна соопштение од министерството со кое раководи во кое го дообјаснуваат министерот. Од таму велат дека со законот за употреба на јазиците кој беше донесен лани е предвидено униформите на полицијата, пожарникарите, здравствените работници да бидат двојазични, но ќе важи во Град Скопје и во општините каде 20 проценти од граѓаните зборуваат албански.

Објавата на министерот Нухиу се однесува на потпишување на актите кои треба да се достават до Владата. Имено, Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за униформата и ознаките на униформата на Полицијата ја носи Владата на Република Северна Македонија, а по нејзиното донесување се носи Правилникот   за изменување и дополнување на Правилникот за носењето, времето на траење и распределбата на униформата и ознаките на униформата од страна на министерот за внатрешни работи, велат од МВР.

Според она што го пишува во соопштението работата група од експери која треба да работи на креирање на двојазичните симболи е фгормирана уште лани во јули. Државниот секретар во министерството Магдалена Несторовска за Телма вели дека комисијата е далеку од решение. Ставовите во комисијата биле поделени за тоа како ќе изгледаат двојазичните униформи, па дополнително ќе се преговара. Ова што сега се случува е процедура која во законот е пропишана и која е почеток на процесот како и секоја друга уредба која треба да ја донесе владата, вели Несторовска.

Инаку министерот Агим Нухиу ги потпишува актите во време кога се одвиваат преговорите за формирање на нова Влада. На оваа позиција дојде после прекинот на мандатот на техничката влада. На истата функција беше и по изборите во декември 2016, пред да се формира новата Влада и во време на инцидентите во собранието од 27 ми април. Претходно беше заменик министер.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Бојан Јовановски – Боки 13 побара повторување на кривичната постапка за „Рекет“

Дејан Дејан

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево” Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе