Економија

ВМРО-ДПМНE ја обвини СДСМ за состојбите во РЕК Битола

Поради неодговорното однесување на СДСМ се доведува во прашање нормалното функционирање на РЕК Битола и производството на струја од тој капацитет, обвинуваат и денеска од ВМРО-ДПМНЕ, откако по обилните дождови минататa недела се поплавија рудниците и дел од опремата во комбинатот, а ископот на јаглен е во прекин.

Надвор од употреба е главниот багер за ископт на јаглен, на кој веќе 30 години се потпира јагленовиот ископ комплетно, што значи ново санирање, нови тендери, нови трошоци и можно покачување на цената на струјата. Власта не можеше да ги санира последиците од еден пообилен дожд и целосно крахира на поле на енергетиката. Поплавен е речиси целиот систем во РЕК Битола, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од РЕК Битола велат дека лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува, кога ваквите елементарни непогоди не се непознаница во работењето на комбинатот, а токму  во време на владеењето на  ВМРО-ДПМНЕ имаше неколку хаварии со механизацијата. Го повикаа лидерот на партијата Христијан Мицкоски да дојде во рудникот Суводол и да види со што се соочуваат рударите.

Да се сретне со работницте и во очи да им каже дека не треба да земаат 5 проценти поголема плата, не треба да добиваат к-15, ниту вода за пиење. Само така професотрот Мицкоски ќе ја знае реалната сосотојба, како е на терен и како е во рудникот Суводол. Крајно  е неетички и неморално ниските страсти ВМРО-ДПМНЕ да ги изразува преку прес конференции на нивните портпароли, рече Васко Ковачевски, директор на АД ЕСМ.

Од РЕК Битола велат дека интензивно се работи на санирање на последиците од поплавите во рудниците. Дел од опремата е извлечена, а сега се вложуваат напори за да се стави во функција главната механизација за ископ. Но, производството на струја се одвива непречено и има доволно резерви на јаглен, уверуваат од таму. Штетите од оваа елементарна непогода ќе паднат на товар на осигурителните компании и поради оваа сосотојба нема да се зголеми производствената цена на струјата, тврдат од комбинатот.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Нови намалени цени на горивата од полноќ

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе