Која е причината што членовите на изборната комисија на ова гласачко место во Минск со скали се симнуваат од прозорецот на вториот кат. Со себе носат пакњети и торби, а во истовреме ги чува полицијата. На социјалните мрежи во Белорусија се побројни се снимките кои укажуваат на изборен фалсификат. Мноштво изборни места биле затворени пред време, а некаде се гласало и пред отворањето. Полицијата, па дури и полициски комбиња контролираа дел од бирачките места.
Според официјалните податоци според кои Александар Лукашенко по шести пат со освоени повеќе од 80 проценти повторно стана претседател, а неговата противкандидатска Светлана Тихановскаја освоила близу 10 проценти. Од изборната комисија не очекуват промена на изборниот резултат.
прелиминарни резултати што ќе бидат дефинирани попрецизно по состанокот на Централната изборна комисија посветена на конечните резултати од гласањето. Сепак, не мислам дека резултатите ќе се променат на значителен начин, изјави Лидија Ермошина, раководител на Централната изборна комисија.
Независните истражувања покажуваат сосема обратен резултати, всушност дека Тихановскаја освоила 71 процент од гласовите, додека пак Лукашенко добил само 10 проценти и засега не постои начин да се проверат резултатите на ниту една страна. 37-годишната професорка по англиски јазик, изјави дека поголемиот број граѓани се со неа и дека нејзиниот штаб собира докази за изборен фалсификат.
-Ние не се согласуваме со (изборните резултати), имаме апсолутно спротивни информации. Имаме официјални извештаи од многу избирачки места, каде што бројот на гласови повеќекратно е во моја корист отколку за другиот кандидат. Собираме докази за фалсификати, рече Светлана Тихановскаја, опозициски претседателски кандидат.
Синоќа хаос на улиците на Минск, демонстрантите, предводени од опозицијата фрлаа факели и камења кон полицијата, а полицијата употреби солзавец против нив. Невладините информираат дека полицијата насилно ги задушила протестите во другите градови. Според локалните организации за заштита на човековите права еден човек загинал откако бил прегазен од полициско комбе, додека другите демонстранти се здобиле со повреди во судирите со полицијата. Во Минск се повредени 50 луѓе, а над 120 во цела земја. Лукашенко вети дека ќе го задуши секој протест. Полскиот министер за надворешни работи побара акција од ЕУ, а од белоруските власти да ја запрат репресијата и да запопчнат дијалог со граѓаните.
-Европската унија мора да преземе чекори за запирање на употребата на сила во Белорусија. Полска, како членка на ЕУ и сосед на Белорусија, ќе настојува да биде активна во тој поглед, рече Јацек Запутович, министер за надворешни работи на Полска.
„Амнести интернешнл“ на Твитер објави дека полицијата во Минск врз демонстрантите фрлила шест шок-бомби и истрелала неколку куршуми, а полицијата привела над сто демонстранти. Во истовреме прв кој му испрати честитки за победата на Лукашенко беше кинескиот претседател Си Џипинг.
Билјана Ставрова