Култура Топ вести

Да не се урива Универзалана сала зашто за санацијата требаат малку пари, бараат независните синдикати

Да не се урива Универзалната сала, бараат од независните синдикати на градежни работници, инженери и камионски транспортери. Тие се сомневаат дека најавите од Град Скопје за можно рушење на објектот, значат дека урбаната мафија повторно работи на задоволување на потребите на вработените во општините и Град Скопје. Синдикалните претставници сметаат дека објектот стар 53 години, кој е симбол на светската солидарност на пост земјотресно Скопје, може да се санира со малку пари.

Мала е операцијата за санирање на објектот. Можеби стар е објектот и не е статички стабилен. Меѓутоа, со мали корекции , со некои ситни инвестиции може да се санира, вели Атанас Трајковски- Независен синдикат на градежни работници , инженери и трговци во градежништвото.

Уривањето на Универзалана е заради полнење на испразнетата каса на Град Скопје, велат синдикатите. Бараат по санацијата, за потребите на објектот да се користи катната гаража, во близина, за што се платени комуналии, а таа прерасна во деловен објект, кој почна да се гради 2009 година.

Катната гаража да биде дел од намената за која што е изградена. И на тој начин да се наполни касата на Град Скопје.А, не со рушење на светскиот симбол на солидарноста, вели Страшо Јованов од независниот синдикат на камионски транспортери.

Синдикатите велат дека со сечењето елки во дворот на Универзална, викендов, започнала операцијата за нејзино рушење. Но, од Град Скопје демантираат дека тоа е вовед во уривањето на салата.

Сакаме да ја информираме јавноста дека деновиве пред Универзална сала беше отстрането едно дрво, кое беше оштетено и падна во невремето што го зафати Скопје, велат од таму.

Градоначалникот Шилегов најави три опции за иднината на Универзална сала и рече дека доколку стручната и политичката јавност не се усогласат, ќе биде распишан референдум, на кој за иднината на објектот ќе одлучуваат граѓаните. Градот распиша оглас за предлог решение за изградба на парк со летна сцена на местото на Универзална, што ги подгреа страстите во јавноста.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кит Келог пристигна во Киев- нов состанок во Париз за Украина

Дејан Дејан

Концерт на џипси музика „Дијалози со Џанго Рајнхарт“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд

Дејан Дејан

Отворен повик за наградата на ЕУ за Ромската интергација 2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе