Свет Топ вести

ООН собираат помош за опустошениот Либан

На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери одржуваат вируелен самит за соберање помош за Либан пет денови по катастрофалната експлозија на пристаништето. Првичните официјални проценки покажуваат дека експлозијата на 2.750-те тони амониум нитрат предизвикале штета во висина од 15 милијарди долари. 158 лица загинаа, околу 5.000 беа повредени а без покрив над главата останаа речиси 300.000 лица.

Сакаме да изградиме дијалог заснован на доверба и да спроведеме реформи за борба против корупцијата, реформи кои ќе го направат финансискиот ситем потранспарентен, реформи за подобро владеење и ќе продолжиме да ги мобилизираме сите европски држави и нашите меѓународни партнери. Ветуваме да донесеме надеж и оптимизам по трагедијата која погоди толку многу семејства во Либан, порача претседателот на ЕС Шарл Мишел.

Неколку илјади жители на Бејрут вчера го искажаа својот гнев од неспособноста на владата која ја обвинуваат дека ја предизвикала експлозијата и лошата економска состојба во земајта. Судирите со полициајта започнаа веднаш на стартот на протестите, која на камењата одговори со солзавец и гумени куршуми.

Се изгубивме. Нашите домови? Ги изгубивме и нив. Нашите животи? Ги изгубивме и нив исто така. Се нам ни се случува. Имам 28 години и каква иднина имам јас. Никаква, нема ништо, рече еден демонстрант за Асошиејтед прес.

Земјата беше во длабока економска криза уште пред да ја зафати пандемијата на коронавирусот а експлозијата го става под знак прашање и самиот опстанок на Либан. Премиерот Хасан Диаб вчера изјави дека ја прифаќа одговорноста и ги повика сите политички субјекти да се обединат за спас на земајта. Како решение понуди предвремени избори.

Ние сме во вонредна состојна не само поради оваа катастрофа и начинот на кој да се справиме со неа. Вонредната состојба за која зборувам е поврзана со иднината на нашата земја, затоа ги повикувам сите политички партии на обединување. Немаме многу време, порача премиерот Диаб.

Повеќе држави ветија помош вредна милиони долари но ОН оценуваат дека ќе биде потребно многу повеќе. Според светската организација потребите на земајта не само што се итни туку и огромни. Многу делови на престолнината на Либан се уште немаат вода и електрична енергија, се очекува појава на недостаток на храна во следните денови но и зголемување на бројот на позитивни на Ковид-19, што е ситуација со која медицинските капацитети на земјата не се ниту приближно подготвени да се справат.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

25 години затвор за „Кралто на крипто-валутите“ поради финансиска измама

Дејан Дејан

Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе