Економија

Пустошењето на Шар Планина не стивнува

Дивата сеча на Шара веќе долг период е застапена на тоа подрачје, кое треба да биде прогласено за национален парк. Мала е бројката на шумски полицајци кои го надгледуваат, а во моментов имаат само едно возило. Од Шумската полиција велат дека треба да се воведе реонска полиција, за разлика од сега кога е патролна, воедно и да се организираат селски сечи. Додаваат дека пријавите против дрвокрадците често се без судска завршница, но и дека за разлика од порано, дрвокрадството е намалено.

Порано немавме ниту гориво да ставиме во возилото. Да ни дојави некој дека има кражба на шума како ќе стигнеме таму. Во последно време добро е што МВР се вклучува во акции околу бесправната сеча. Треба да се организираат повеќе селски сечи, затоа што секое семејство од високите планински села се грее со огревно дрво, кое не е во можност да го транспортира од градските плацеви и најчесто се снабдува со дрва од блиската шума, па ако нема легална, се одлучува да врши нелегална сеча, велат од Шумската полиција.

Од Планинарскиот клуб „Љуботен“ велат дека на Шар Планина се одвива организирана гола сеча. Покрај големата штета на природата, тоа претставува воедно и лоша слика за туристите, кои сакаат да го посетат овој предел.

Инаку, во тек е процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк, кој според невладините организации треба да се забрза за да се заштитат природните вредности, а воедно и за заживување на селата во и околу заштитеното подрачје преку развој на екотуризмот, традиционалното земјоделие и овчарството.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Нови намалени цени на горивата од полноќ

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе