Македонија Топ вести

МВР не открива дали има осомничени за дивоградбата кај „Мавровка“

МВР или не знае или одбива да соопшти кој стои зад дивоградбата кај трговскиот центар Мавровка, која е фирмата која ги изведувала градежните работи и кој е човекот кој ја ангажирал. Од министерството денеска до Јавното обвинителство официјално е испратен документ во која се содржани информациите за тоа што е превземено од полицијата во рамките на истрагата околу дивоградбата и што е утврдено, меѓутоа без детали кој гради и кој го финансира градењето.Оттаму додаваат дека полициската истрага ќе продолжи.

По исрцпување на сите истражни мерки и активности во насока на откривање и документирање на кривично – правниот настан, од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство  Скопје беше поднесен соодветен акт од сите досега преземени мерки и активности во врска со кривично-правниот настан „бесправно градење“, кој што се однесува на членот 244-а од Кривичниот законик, велат од МВР.

Од Обвинителството пак потврдија дека го допиле дописот од МВР, но веднаш побарале дополнителна документација.

Според официјалните податоци достапни во Катастарот  сопственик на спорната парцела е фирмата „Моно трејд“ чиј сопственик не одговори на пораките и прашњата кои му беа испратени. Засега од надлежните молк, дали тој воопшто е контактиран и какви информации доставил со оглед дека некој нешто гради токму на неговата парцела.

Министерството за транспорт и врски соопштија дека не се надлежни за постапката за уривање на дивоградбата, тоа е под ингеренции на локалната власт  а за евентуалното одземање на надлежностите ќе чекаат на предлог од  Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам

За да може Министерот за транспорт и врски да донесе Решение за преземање на работите од надлежност на Овластениот градежен инспектор на општина Чаир по конкретниот предмет, потребно е од страна на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да биде доставен Записник и Предлог за  преземање надлежност по конкретен предмет, велат од МТСП.

Од инспекторатот пак велат дека нема ништо спорно во работата на градежниот инспектор на Општина Чаир и нема основ да бараат одземање на надлежностите.

Овластениот градежен инспектор има постапено и за конкретната градба ги има донесено соодветните управни акти и ДИГУ нема законска основа да доставува предлог до министерството. Сите понатамошни активности согласно Законот за локална самоуправа се во надлежност на Градоначалникот, соопштуваат од дигу.

Откако првиот конкурс заврши неуспено и ниту една фирма не се пријави Општина Чаир вчера повторно распиша тендер за избор на економски оператор кој ќе ја урива дивоградбата кај Мавровка но и сите останати во општината. Рокот е до следниот четврток. Ако повторно не пристигнат понуди оттаму велат дека ќе постапат согласно законот за јавни набавки се до избор на фирма без да прецизираат што точно значи тоа.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе