Македонија Топ вести

Екс претседателот на кривичен Панчевски прави увид во предметите за кои се товари дека ги давал на подобни судии

Екс претседателот на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски прави увид во предметите за кои обвинителството го товари дека ги делел на подобни судии рачно, а не преку АКМИС.

Од 40-те папки кои се донесени како докази, на речиси секое обвинение стои напишано со ракопис и пенкало, „да се распредели кај судија… ” и скратен потпос до него. Меѓу имињата на судиите се споменуваат Ивица Стефановски, Павлина Христова, Дијана Груевска, Весна Димипкова, Ѓоко Ристов, Јани Нича. Панчевски приговараше дека дел од педметите се нецелосни. Според обвинителството само 5 од нив се неправосилни.

Претходно пак сведок од фирмата Еди Софт која го изработила и одржувала софтверот до 2016-та, сведочеше дека постоело копче со кое можело да се врши рачна распределба на предмети со што се впишувало кој уписник ќе оди кај кој судија. Ова било креирано и за итни случаи, а може да се изведе по налог на претседателот на судот.

Панчевски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд рачно доделувал предмети кај судии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Халеви: Иран ќе се соочи со последици за нападот

Дејан Дејан

Во Хрватска предизборен молк пред парламентарните избори

Дејан Дејан

Долниот дом на амриканскиот Конгрес посебно ќе гласа за помош за Израел и Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе