Економија

Германски работодавци бараат работници од Западен Балкан

Германските работодавци ја предупредија владата дека без поголема миграција на работници од Западен Балкан, компаниите во земјата нема да можат да најдат соодветна работна сила.

Според германски медиуми, Херман Шулте Хилтроп, претседател на огранокот за градежништво на Германското здружение на работодавци, предупредил дека во следните неколку години 150.000 градежни работници ќе заминат во пензија, и дека е се потешко да се најде соодветно образована и обучена замена.

Тој вели дека работодавците го поздравуваат продолжувањето на правилата за Западен Балкан, што ќе овозможи продолжување на валидноста за издавање работни визи за неквалификувана работна сила, но тој го критикува фактот дека е одредена квота од 25.000 работници годишно.

Ако изгубиме 50.000 работници годишно, онолку колку што досега се стекнавме благодарение на ова правило, ситуацијата сериозно ќе се влоши. Од 2021 година, можеме да сметаме на целосна суспензија во одредени индустрии, како што се изградба на куќи, вели Хилтроп.

Тој посочи дека стравувањата дека работниците од Западен Балкан ќе го оптоварат германскиот социјален систем или ќе одземаат работни места од германските работници не биле оправдани, посочувајќи на студија на германското Министерство за труд која покажа дека нема негативни последици туку сосема спротивно.

Германскиот дневен весник Рајнише Пост истакнува дека ограничувањето е под притисок на ЦДУ затоа што тие стравуваат дека десничарските радикали, како Алтернатива за Германија, ќе го искористат како популистичка кампања против владата.

На секого е јасно дека ова ограничување најтешко ќе ја погоди во градежништвото ако останеме без тие работници. Но, стравот од десничарскиот радикализам ги принуди коалициските партнери во владата да компромис. Апсурдно е да се тврди дека овие луѓе доаѓаат тука за да користат социјални придобивки, кога Институтот за пазарот на трудот докажа дека скоро никој од работниците што дошле не станале невработени, се наведува во текстот.

Во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, како што посочи, некои работодавци веќе се жалат дека одредени проекти мора да бидат запрени целосно, бидејќи не се сигурни дека ќе можат да најдат работници.

Наспроти популарното верување дека кризата со корона ќе ја намали потребата на работниците од странство, угледниот германски деловен весник „Ханделсблат“ пишува дека работодавците се жалат дека им се потребни работници од Балканот, но дека не можат да ги добијат поради ограничувања во врска со короната.

„Ханделсблат“ пишува дека најкритична е ситуацијата во областа на градежништвото, медицинскиот персонал и софтвер.

„Ханделсблат“ цитира дека од 2009 година до денес, дури една третина од германскиот бруто-домашен производ се реализира благодарение на увезената работна сила.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СКСЗМ: Одлуката за враќање на старите цени за полисите е штетна за бизнисот

Дејан Дејан

Вратени старите цени за полисите, но нема одлука дали ќе им бидат вратени парите на оние кои платија повеќе

Дејан Дејан

Цените нема да дивеат во наредните два месеца, но во индустријата нема кој да работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе