Македонија Топ вести

Да се обнови Универзална сала и да продолжи со работа, бараат вработените

На влезот не пречека директорот, Филип Аврамчев. Најпрвин дезинфекција, според превентивните мерки за Ковид- 19 , а потоа директно на сцената. Сашо Филиповски, кој 18 години работи во сценска техника и Славица Мојсоска, која во установата е 40 години, поставуваат рефлектори за добро да се сними плафонот. На него на повеќе места има дупки од влагата, како резултат на протекувањата на покривот. Ронењето на материјалот од горе, се појави по митингот на  опозициската СДСМ, на 10 март 2015, кога беше пуштена бомбата за изборните измами на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Поради проблемот со покривот, Универзална беше затворена за јавноста.

Кога е обилен дожд, водата паѓа по куполата и застанува на рабовите. И каде што има некои дупки, тука по рабовите навлекува надоле и протекува. Капе на плутата која што е поставена околу салата заради фамозната акустика која Универзална ја има и тоа е да кажеме, најголемиот проблем, вели директорот на Универзална Филип Аврамчев.

За 53 години , колку што е објектот, повремените крпења на покривот не помогнале.Проблемот  не е само во гледалиштето, протекува на  големата сцена, над светлосниот парк, но и на малата , реновирана од актуелното  раководство и од творците на независниот театар 007, кој овдека работеше од 2012 година, до почетокот на пандемијата. Влагата што се појавила, затворила дел од гардеробите, веќе 15 години, а и запуштеноста на тоалетите е видлива. Аврамчев нагласува дека за 2 години , колку што раководи со Универзална, не се случил инцидент од безбедносен карактер, зашто програмата ја реализираат на други локации. Но, вели потребно е промена и на старата електрична инсталација и на седиштата во салата. Од нив 100 до 200 се неупотребливи. Нова техника за организирање настани, но и климатизација, зашто преку зима е студено, а преку лето, пеколно под рефлекторите, бараат вработените.

Иднината на дотраениот симбол на солидарноста на пост земјотресно Скопје, за кого многу генерации врзуваат спомени за значајни концерти, претстави и  фестивали, од „Златно славејче“, до  „ Скопскиот џез фест“, е на јавна дебата, деновиве. Од Град Скопје најавија три опции кои се разгледуваат и можен референдум. А, од раководството на Универзална бараат таа да се реновира за потребите на домашните уметници.

Таа нова сала би била за погломазни, пореномирани светски бендови. Но Универзална сала може да остане за македонските автори, македонските уметници за некоја условно кажано поефтина варијанта за организирање настани, која што мислам дека на Скопје му е потребна, вели аврамчев.

Со Аврамчев се разделивме, со надеж дека е потребно брзо решавање на прашањето за Универзалната сала.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе