Економија

Договор за рестрикција на водата или блокада

Триестина трактори со вклучени сирени продефилираа низ центарот на Свети Николе, каде што денеска од сите страни на Овче Поле доаѓаат на пазар. Револтот на земјоделците од селата Мустафино и Ерџелија кулминираше поради немање на вода за наводнување.Тврдат дека нивите им се суви веќе двесетина денови,  исушени се пченчката, бостанот и селските бавчи.Штетите веќе ги бројат во милиони денари.

МГС тон земојелец 2 почнува од 1.39 откуп ние имаме завршува на 2.01 кирии се лепи  земјоделец 1 почнува од 2.01 ако е 50 посто завршува на 2.14 озгоре се лепи земјоделец 5 почнува од 17 секунда во Кочани завршува на 24 секунда ни 4 хектара

Со рестрикциите се опфатени околу 2.000 хектари, а се засегнати околу 250 земјоделци. Тврдат дека се редовни плаќачи на водата, годишните сметки им се од 1.000 до 3.000 евра, но годинава ќе немаат да ги подмират и концесиите за земјиштето, бидејќи какошто велат немале соработка со новиот раководител на водостопанство Овче Поле.

Мгс тон земјоделец 2 почнува 1.04 вода нема 1.17 а сега немаме никаква соработка и се лепи земјоделец 3 почнува од 7 секунда ако нема завршува на 21 секунда од ова егизистираме

Раководителот  на Водостопанство „Овче Поле“  вели дека рестрикциите се воведени за да  водата стигне и до селата во Лозово. Тврди дека до лани се фаворизирала едната страна од каналската мрежа.

Ние со земјоделците што сега протестираат сме имале неколку средби, но тие се многу тешки за разговори и не ги прифаќаат нашите аргументи и новите услови. На состаноците навредуваат и се закануваат за  што постои видео снимка, а заканите се пријавени и во полиција, вели Митко Костадинов, раководител на подружница Овче поле.

Вода за нивите во овие две светиниколски села ќе има во понеделник според планот за рестрикции. Костадинов најави и ставање во ред со дивите приклучоци, за што веќе формирале и комисија.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СКСЗМ: Одлуката за враќање на старите цени за полисите е штетна за бизнисот

Дејан Дејан

Вратени старите цени за полисите, но нема одлука дали ќе им бидат вратени парите на оние кои платија повеќе

Дејан Дејан

Цените нема да дивеат во наредните два месеца, но во индустријата нема кој да работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе