Македонија Топ вести

Градоначалникот Шилегов најави референдум ако не се усогласат ставовите за задржување или дислокација на Универзална сала

Да се срушат дивоградбите и таму да се градат паркови зашто на месотото на Универзална сала е невозможна летна сцена, заради бучавата од автомобилите , наоколу, а салата да се реновира зашто е симбол на солидарноста. Вака реагира режисерот Александар Поповски, на најавите  на Град Скопје, за градење парк со летна сцена , на местото на Универзална, а нова концертна сала да се гради на друга локација.

Оваа зграда е објект на солидарноста. Има еден многу писилен момент од сите факти, бројки, 9 точки, 15 точки. Затоа што во себе носи едно друго значење , таа треба да се реновира. Таква, каква што е треба да се реновира . Не може да се сруши, вели режисерот Александар Поповски.

Шилегов денеска рече дека нема одлука за Универзална сала. Тој најави три опции кои се разгледуваат: Уривање на Универзална и изградба на нов објект на постојната локација, рушење на дотраениот објект со дислокација и заштита на просторот со конкурсот за идејно решение за парк. А, интимно ја посакува третата опција , реставрација на постојниот објект на Универзална и изградба на нов, на локација која допрва ќе се определи. Најави и референдум, ако не се усогласат ставовите.

Ако не успееме како стручна, политичка и јавност преку медиумите, да изградиме заедничко решение, јас сум до таа мерка спремен , откако ќе ги разгледаме сите солуции, сите три би биле ставени на референдумско изјаснување на граѓаните на Скопје, вели градоначалникот Шилегов.

Реконструкцијата на Универзална , исто така подразбира уривање на објектот и градење од почеток. Но, таму е убиена опцијата за проширена нова зграда заради останатите подигнати без мерка, во околината. Градот за сега смета на 500 илјади евра од Министерството за култура, за конкурсните постапки до Нова година, а повеќе пари за проектот што ќе се избере, очекуваат од Владата, рече Шилегов.

Реакција до градоначалникот на Скопје стигна и од опозиционерите, од Советот на Град Скопје.

Локацијата на салата е во истата градска четврт , во која се наоѓа и кругот на поранешната фабрика Треска, каде со измената на ГУП-от  се планира да се изградат 50 нови згради. За да може стамбениот комплекс да се реализира , ќе треба да биде застапен и содветен процент на зеленило, па можеби ете процентот ќе биде исполнет со паркот на местото на концетната сала, вели Јелена Жугичќ, советничката во Советот на Град Скопје.

Градоначаникот демантира дека предлог паркот на местото на Универзална е алиби за зградите кај Треска. Тоа решение нема да се реализира додека не се донесе ДУП-от  и се изгради комплексот кај „Треска“, според постојните стандарди, дополни градоначалникот Петре Шилегов.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе