Култура

Граѓаните и дел од архитектите против градењето на парк на местото на Универзална сала

Ќе исчезне ли Универзална сала , препознатливиот белег на пост земјотресно Скопје, од ова место? Градот Скопје распиша конкурс за идејно решение за изградба на нов парк со летна сцена, на местото на Универзална, откако за идејата да се гради нова концетна сала на истото место од Асоцијацијата на архитекти им било речено дека програмата за новиот објект е преобемна за да се гради на местото на Универзална.

Главнината од граѓаните што ги анкетиравме се против градењето парк на местото на Универзална сала.

Даруваното треба да се чува. Ни случајно ! Тоа е белег по земјотресот. Тоа е белег на една земјa што солидарно градела за Скопје. Ни случајно, да не се гради!

 

Таа е еден вид гордост на ова наше маало. Рушењето се само илузии. Нема што да работи , па сега ќе руши , па ќе менува локација. Апсолутно сум против.

 

Да остане , убава е овде! Овде може претстави да има, децата се претставуваат.

Апсолутно, нов објект, овој објект е нефункционален, а зеленило. Да се направи убав парк!

Универзална сала треба да се реставрира, а не да се гради парк на тоа место, смета архитект Даница Павловска.

Ниту е момент така рано да се распише конкурс за парк. Ниту се сложувам со ставот таму да биде парк, наместо Универзална . Таа е нешто што останува како репер, како сеќавање од нашата колективна меморија и пред сè, како морален долг кон солидарната помош од целиот свет, вели Павловска.

На предлог на ААМ, можни локации за новата концертна сала се парцелите кај стаклениците на ЈП„ Паркови и зеленило“ и кај спортската сала „ Борис Трајковски“. Тие и предлогот за парк на местото на Универзална, градоначалникот Шилегов ги објаснува како начин на заштита на земјиштето од друга градежна узирпација. Но, потенцира дека нема решение за новиот објект и дека се отвора дебата.

Универзална сала беше изградена 1966 година според проект за циркуска сала, дониран од Бугарија, со сретства од фондот за обнова и изградба на Скопје, од многу земји. Поради дотраеност, објектот не се користи од 2015 година. За можното рушење на Универзална, се огласи и поранешниот градоначалник Коце Трајановски. Тој го праша Шилегов, зошто ја руши Универзална сала  и дека кај поранешниот министер Алаѓозовски однел готов проект за реконструкција, но градбата не започнала.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Дино Имери: Шопен за мене е предизвик заради дилемите околу интерпретацијата на неговите композиции

Дејан Дејан

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреварувачката програма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе