Нашата земја е една од петте држави за кои делумно се олеснуваат мерките за влез во соседна Бугарија, изјавија од бугарската влада, денеска на брифинг. За нашите граѓани е дозволен влез кај источниот сосед,со негативен ПСР- тест, не постар од три дена.
Покрај Северна Македонија, на листата со олеснати мерки за влез во Бугарија се и Србија, Израел, Кувајт и Молдавија. Одлуката е на барање на туристичките оператори, потенцираа бугарските власти.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
