Вести Македонија Најважни

Љубчо Георгиевски ќе ги тужи ВМРО ДПМНЕ

Љубчо Георгиевски на суд ќе се обиде да си ја врати титулата почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ. Ќе ја тужи партијата за новите статутарни измени, со кои, меѓу другото,  се укинува и оваа титула. Георгиевски, кој сега е претседател на ВМРО народна партија смета дека, согласно позитивната правна регулатива, веќе стекнато право како почесен претседател на партијата не може да биде одземено. Ангажирал правен тим кој на суд ќе треба да го докаже тоа. Освен на Георгиевски, титулата почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ, со новите измени, му се укинува и на Никола Груевски.

Во меѓувреме, не стивнуваат ниту препукувањата меѓу поранешните и актуелни членови на ВМРО ДПМНЕ. Кон повиците за оставка од Мицкоски денеска се приклучи и поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Конески, кој на фејсбук напиша дека резултатот од парламентарните избори покажа дека е крајно време за промени во оваа партија. На ова реагираше партискиот портпарол, кој потсети дека Коневски тежи минус 4 илјади гласа и дека е  добро што не работеше на оваа кампања, па партијата повторно си го врати Аеродром.Следеше жестока реакција до Мицкоски.

Деновиве се најгласни и поранешните функционери и исклучените од партијата. Митко Јанчев, Никола Попоски, Даниела Рангелова и Сашо Мијалков на социјалните мрежи бараат оставки и сериозни реформи во партијата.Откако, Централниот комитет одлучи Мицкоски да не си дава оставка, туку да продолжи со обидите да формира парламентарно мнозинство, на површина излегоа притаените тензии.

Денеска се огласија и од Унијата на Жени, кои велат дека новиот Статут на партијата ја гарантира родовата еднаквост помеѓу мажите и жените, кои повеќе не мора да се борат за квоти.

Во одбрана на раководството на партијата деновиве застанаа и ветераните, кои со новиот статут добиваат своја Унија.

 

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Корисниците евакуирани, нема повредени – пожар во дом за стари лица во струмичко Банско

Дејан Дејан

Пораки за единство и сплотеност – православните верници го слават Велигден

Дејан Дејан

Удри со возило во капија на Белата куќа, почина на лице место

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе