Вести Македонија

Насилниот советник суспендиран од полициска служба

Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев е суспендиран и против него е поднесена кривична пријава за насилство и за малтретирање во служба поради нападот на началникот на тетовската сообраќајна полиција Зоран Талев, на денот на изборите.

Дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска на својот фејсбук профил наведе дека против државниот советник е покрената дисциплинска постапка до чие завршување советникот ќе биде суспендиран.

Ѓорѓиевски на денот на изборите го напаѓа, му се заканува, го пцуе и го навредува колегата од СВР Тетово кој бил на увид на сообраќајна несреќа. Ѓорѓиевски му ја скинал кошулата на началникот, го тегнел по што на повредениот полицаец во болницата му била ставена на вратот и “шанцова кравата“ (средство за стабилизирање на состојбата на главата)..

Сега суспендираниот бидејќи не знаел дека граѓани го снимаат неговиот напад, пред да дојде интервентната полиција почнал да вика дека тој е нападнатиот. Кривичното гонење го презема обвинителството за организиран криминал и корупција.

Ѓорѓиевски тврдел дека помислил како началникот на тетовската сообраќајна врши изборни злоупотреби и затоа дошол да интервенира. Иако советниик за криминалистички работи во кабинетот на МВР, тој имал овластувања и за учество во акција. По инцидентот и тој се пријавил во болница и пријавил дека е повреден.

Ѓорѓиевски претходно му се заканувал на полицаец во Тетово за време на полицискиот час затоа што бил легитимиран. Пред неколку години тој намерно и паркирал автомобил на место каде требало да стигне владина делегација и не ги почитувал наредбите на колегите.

До 2017-та, сега суспендираниот бил инспектор за внатрешна контрола во Тетово, по што бил вратен во криминлаистичка полиција. На почетокот на 2020-тата е назначен за државен советник во кабинетот на министерот Наќе Чулев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе