Македонија Најважни

Новиот статут разбуди стари тензии во ВМРО-ДПМНЕ

Притаените тензии во ВМРО-ДПМНЕ еруптираа по синоќешните статутарни измени и поддршката на Централниот комитет, Мицкоски да не си дава оставка, туку да продолжи со обидите да формира парламентарно мнозинство. Најгласни се поранешните функционери и исклучените од партијата. Митко Јанчев, Никола Попоски, Даниела Рангелова и Сашо Мијалков на социјалните мрежи бараат оставка од Мицкоски и сериозни реформи во партијата. Поранешниот министер Никола Тодоров директно не повикува на оставки од раководството, но алудира на тоа, присетувајќи се на изборите во 2016 кога беше шеф на изборниот штаб и кога вели дека и тој и Груевски биле подготвени да си дадат оставки доколку освојат и еден пратеник помалку.

Деновиве е гласен и поранешниот директор на УБК, кој беше исклучен од партијата за време на превирањата околу референдумот и уставните измени.

Актуелното раководство не сака да ги коментира реакциите на поранешните сопартијци. Наместо партиски став, до медиумите ја препратија  реакцијата на ветераните кои ги поздравија синоќешните  статутарни измени велејќи дека ова е последниот крик на печалбарите во политиката и дека е добро  што ВМРО-ДПМНЕ се прочистува од неславниот багаж зад себе.

Со новите измени, ветераните добија и своја Унија. Велат дека е тоа значаен чекор напред во внатрепартиската демократија. Централниот комитет гласаше за статутот со кој се ограничуваат мандатите на претседателот на партијата и претседателите на другите тела кои се бираат на конгрес. Тие ќе можат да се задржат на функцијата најмногу три мандати и тоа под услов за третиот мандат да бидат избрани со двотретинско мнозинство.Мандатот на сите останати партиски функционери се ограничува на 2 години Членството, пак, само ќе ги бира кандидатите за градоначалници и советници. Укината е и функцијата почесен претседател.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигден-Христос Воскресе, Навистина Воскресе

Дејан Дејан

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе