Економија Топ вести

Следната недела ќе се знае новата цена на струјата

Во текот на следната недела се очекува Регулаторната комисија за енергетика да излезе со поконкретни информации за новите цени на струјата и на парното.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски денеска изјави дека во текот на јуни е добиено барање од МЕПСО и Електродистрибуција да се одложат постапките за определување на цените, имајќи ја предвид ситуацијата со корона кризата и нивните предвидувања во делот на потрошувачката и трошоците кои, како што рече, во одреден дел се зголемуваат.

Според Бислимоски, драстично се намалени и приходите на државните енергетски компании во однос на изминатите години.

–  Тоа е од причина што нема продажба на Електрани на Северна Македонија на вишокот на електрична енергија. Ако минатата година тие изнесуваа 22 милиони евра, сега имаат само една продажба која изнесува пет милиони евра што прави сериозен притисок врз нормалното функционирање на ЕСМ. Исто така и дополнителните приходи што ги остваруваше МЕПСО од прекуграничните преносни капацитети кои во 2019 година изнесуваа околу 22 милиони евра, оваа година изнесуваат само околу 11 милиони евра. Заради намалената потрошувачка во регионот, овие приходи и во ЕСМ и во МЕПСО за жал, ги немаме во овој период, рече Бислимоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Корупцијата почнала во Агенцијата која требалa да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Дејан Дејан

Начинот на кој ќе се носи Законот за правична застапеност ги скара партиите на Албанците

Дејан Дејан

Банките се дистанцираат од судирот со Славески и Кочоска за новите банкарски ценовници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе