Култура

ДЛУМ со изложба ќе го претстави современото домашно скулпторство

Друштвото на ликовни уметници на Македонија, на 20 јули во својата галерија во ГТЦ, ќе ја отвори групната изложба „Современа скулптура“ .

На излобата „ Современа скултура“, со свои дела ќе се претстават 14 уметници од различни генерации, кои твореле во модернистички и пост модернистички израз: Ана Димчевска Семенпеева, Андреј Митевски, Ангел Димовски- Чауш, Вања Петрушевска- Дуза, Љупчо Бојаров, Златко Бојковски, Јовица Мијалковиќ, Катерина Таневска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески, Филип Фидановски, Филип Цакоски, Боро Митричевски.

Селекторка на изложбата, е историчарката на уметност Марика Бочварова Плавевска. Таа во текстот за изложбата, осврнувајќи се на творбите, го истакнува иновативниот и актуелен пристап на авторите при креирањето на скулптурите.

  • Исчекорот е во корист на уметникот којшто треба да опстои на ликовната сцена во Македонија. Партиципацијата во промената е мошне стимулативна за секој автор, без разлика на генерациската припадност.Намерата е да се потврди сјајот на овие дела, со можност и на откривање на нови таленти и нивно активно учество во промените, вели селекторката Бочварова Плавевска.  Според неа повозрасните уметници повеќе се потпираат на сопствените децениски искуства. За нив како да постои одредена почит кон класичните скулптурални опции што е во функција на вклопување со уметничкиот предизвик, образложен како отфрлање на изолираноста на креациите во рамките на актуелните настани, смета селекторката. Овој став важи и за помладите чии ликовни искуства се базираат не само на пренесените реторики, односно цитати на практиките на нивните професори, туку и на сопствените одлуки да ги превземат модернистичките манири на самиот медиум (од апстрактните конструкции, фигуративните аспекти, кинетичките пластички игри, нео инсталациските конципирани целини, употребата на ready-made итн., а во содржинска смисла и акцентирање на реакцијата на Ковид- 19, вели Бочварова Плавевска.

Релативно новите импулси се почест знак на приложените дела, поврзани со појави што паралелно ги следат фигуративните или апстрактни искуства. Алтернативните тенденции се рефлектираат како стимулативен креативен миг битен во опусите на скулпторите што учествуваат во посакуваниот модел на конципирање наизложбата. Содржината на обмислените констелации придонесуваат постулатите на класичниот вајарскиот аспект да биде делумно потиснат, со цел да се извлече проширениот дискурс на значењата на делата, додава селекторката.

На изложбата се доделува една парична награда од семејството на нашиот истакнат скулптор Боро Митриќевски, која што го носи неговото име.

Изложбата ќе може да се посети поединечно или најмногу по двајца посетители, според работното време на галеријата на ДЛУМ – понеделник до петок од 11 до 18 часот и во сабота од 10 до 15 часот. Таа ќе биде отворена до 30 јули.

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе