Култура

Кинотеката со циклус филмови од Чарли Чаплин под отворено небо

Кинотеката на Северна Македонија, од петок, во 21:00 чaсот,  започнува со прикажување филмови на Чарли Чаплин, во летното кино под отворено небо. Со  десет наслови  во овој исклучителен циклус, кој го опфаќа творештвото на Чаплин, од неговите почетоци па сè до последните дела. Кинотеката овозможува увид во најдоброто од златната ера на немиот филм, но и начинот со кој тој се справува со предизвикот на звучниот филм, До 27 јули ќе бидат прикажани вкупно 8 филмови со Чаплин, стои во најавата на е-страница на Кинотеката. 

Чарлс Спенсер Чаплин (Charles Spencer Chaplin), или едноставно Чарли Чаплин (Лондон, 15 април 1889 –Корсие-сур-Вевеј, 25 декември 1977), не само што е класик во светската кинематографија, туку со него и започнува тој период што се нарекува класика. И, како во случајот со сите класични филмски ликови, сè започнало едноставно: насмеј ја публиката, освој ги нивните срца, и биди на нивна страна, макар што заради тоа ќе ти замериестаблишментот, па и со децении ќе ти забрани влез во земјата (САД) каде што направил една од најголемите кариери во филмската индустрија, велат од Кинотеката.

Чарли Чаплин со смеата не само што ги забавувал народните маси низ Америка и светотна почетокот на неговата кариера, туку со ГОЛЕМИОТ ДИКТАТОР или СВЕТЛИНИТЕ НА ВЕЛЕГРАДОТ бил прилично жесток критичар на општеството во кое живеел. И тоа не му било простено, па затоа „левичарот“ Чаплин во ерата на макартизмот („ловот на црвените вештерки“ во САД по Втората светска војна) бил прогласен закомунистички симпатизер. Чаплин живеел во Швајцарија и цели две децении не доаѓал во САД, сè до 1971, кога во Холивуд ја примил почесната награда на Американската филмска академија за животно дело во филмот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе