Вести Најважни

Финиш на изборната кампања

Изборната кампања влегува во својот финиш. Се користи секоја можност за презентација на својата изборна понуда и за обезвреднување на програмата па и на политичкиот кредибилитет на предизборната конкуренција. Двете најголеми партии, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се уверени во победа.

Христијан Мицкоски вели дека секаде во државата гледа тажна и мачна слика бидејќи луѓето не се задоволни од политичкото мочуриште во кое ги вовел Зоран Заев, кој цела кампања ја поминал заглавен во минатото, а имал три години да се справи со она што го нарекува „режим“.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ изминатите 19 дена, така и денеска зборувавме за нашата понуда,  зборувавме за нашиот проект Обнова кој е испиШан на 360 страни, зборувавме како до повисоки плати, повисоки пензии, како до 4 милијарди евра за странски и домашни инвестиции, како до 640 милиони евра субвенции за земјоделците и нов иновативен пристап во земјоделието, како до реформи во здравството, правосудството што е есенција.Така што имавме што да понудиме и имавме успешна кампања, вели Мицкоски.

Дали откако влеговме во НАТО, ќе влеземе во ЕУ или ќе им дозволиме на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа и да не вратат во режим и изолација, прашува Зоран Заев. Бара нов и чист мандат.

Дел од аналитичарите  ја оценуваат оваа кампања како особено валкана. Невладината Цивил, која го набљудува овој изборен циклус со 310 набљудувачи, посочува на 44 случаи на црна кампања насочена против политичкиот противник и голем број примери за говор на омраза.

Анализирајќи ги финансиските активности на партиите, откриле дека две третини од предизборните активности се нарачани од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ, трет нарачател е Левица, а четврт е непознат нарачател, чии нарачки во голем дел содржат говор на омраза и лажни вести.

Изборната кампања завршува утре на полноќ. По неа следи тридневен молк, односно триднево глаасање: во понеделник гласаат изолираните поради ковид, во вторник болните и немоќните, а во среда сите граѓани кои се полнолетни и поседуваат валиден личен документ.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе