Вести Македонија Топ вести

Ни трага ни глас од разрешениот судија Владимир Панчевски

Повеќе од 24 часа поминаа откако решението за притвор на Владимир Панчевски велешкиот суд го испрати до полицијата но за сега потрагата по него е безуспешна.

Судот веднаш преку свр Велес ја испратила отворената наредба за притворот до скопската полиција која пак пробала да го најде на неговата домашна адреса.

Ова за Телма го потврдуваат и од Министерството за внатрешни, од каде велат дека обидите биле безуспешни.

МВР постапува по судска наредба за приведување на лицето В.П. и во моментот кога ќе бидат создаден услови односно ќе биде лоциран, истиот ќе биде приведен, соопшти МВР

Триесет дневниот притвор доаѓа откако велешкиот суд никако не можеше да го обезбеди неговото присуство за да почне судењето за злоупотреби со акмис системот во скопскиот кривичен суд каде беше претседател. Според обвинението од 2013 до 2016 со писмен параф наредил четири предмети да бидат распределени кај конкретни судии, по еден во Неготино и Куманово, 41 обвинение од обвинителството за организиран криминал и две од СЈО исто така кај конкретни судии. Велешкиот суд беше назначен како надлежен за судскиот процес поради неговата поврзаност со скопскиот кривичен суд. Поканите за присуство биле испраќани на истата адреса каде ги примал и известувањата за изземање на судот и на судијката која првично беше назначена да го суди но Панчевски упорно не доаѓал на главна расправа. На вчерашното рочиште повторно не се појавил па обвинителството побарало притвор а судот го одобрил.

Ако уредно повиканиот обвинет очигледно избегнува да дојде на главната расправа или ако судот направил два обида уредно да го повика обвинетиот а сите околности укажуваат дека обвинетиот очигледно избегнува да ја прими поканата советот може да определи притвор, утврдува членот 365 од законот за кривична постапка.

Судскиот совет го разреши Панчевски во декември лани.

Неговите адвокати денеска не одговараа на телефон за да кажат дали знаат каде се наоѓа екс претседателот на кривичен Владимир Панчевски.

И тој е недостапен на телефон. За сега од МВР не одговараат дали ќе биде распишана внатрешна потерница за поранешниот судија кој не доаѓа на судења.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе