Вести Свет

Балканот на удар на коронавирусот – стотици заболени секојдневно властите најавуваат рестрикции и вонредни мерки

Трицифрени бројки на новозаболени секојдневно, во речиси сите држави од регионот, покажува колку е силен новиот бран на коронавирусот. Здравствените власти бележат неславни рекордни, како во бројот на заболени така и во бројот на жртви а статистиките покажуваат двојно, тројно па дури и  петкратно зголемување на бројот на нови случаи споредено втората половина на јуни.
Властите во регионот повторно се разгледуваат и најавуваат вонредните и рестриктивните мерки, затварање на границите и воведување карантин како одговор на вториот бран и како засега единствен успешен начин за справување со епидемијата и заштита на граѓаните.

Вчерашниот ден е еден од најтешките. 1.766 нови случаи беа регистрирани во девет држави од регионот вклучувајќи ја и Македонија. Освен во Црна Гора и во Бугарија во сите останати држави од регионот вчера беа забележни рекордно високи бројки на новозаболени од почетокот на епидемијата. 386 во Србија, 316 во Босна и Херцерговина, 93 во Албанија, 60 во Грција.

Хрватска каде речиси три недели немаше регистриран нов случај вчера бројчаникот изброја до 116 случаи, нов неславен рекорд. Властите екпресно со реакција  и најава за многу построги услови за влез во земјата во екот на туристичката сезона како и задолжително носење маски во одредени продавници и угостителски објекти.

Во Црна Гора каде официјално еден месец официјално немаше нов случај, за само три дена се регистрирани 180 заболени лица. Вирусиот се прошири и во затворите.

Србија го имаше најцрниот ден. Рекордно висока бројка на нови случаи но и на починати – 18. Вонредна состојба е прогласена во речиси дваестина града. Цели региони се критични, болниците се полнат , полицискиот час се враќа на сила како и задолжителното носење на маски.

Косово вчера изброја до 205 позитивни и три жртви. Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, на денешната виртуелна средба со градоначалниците на општините во Косово ја најави  можноста за прогласување вонредна состојба заради епидемијата „Ковид-19“.

Во Бугарија за само 72 часа се потврдени 870 нови случаи. Државата ги затвори границите за македонските државјани па дури и за транзит преку нејзината територија.

Официјалните податоци покажуваат дека во регионот во моментов има 19.200 активни случаи.

Најмногу се во Србија – 3.707 а потоа доаѓа нашата држава со 3.449, Бугарија каде има 3.389 заболени и Босна и херцеговина со 3.149.

Според статистиката, од почетокот на епидемијата во регионот 1.847 пациенти ја загубија битката со вирусот а други 240 се во критична и крајно тешка состојба. Стапката на смртност се движи од 1,9 отсто од вкупниот број на заболени во Црна Гора до 6,1 отсто во Словенија која ја има и највисоката стапка на излекувани пациенти – 78,2 отсто.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе