Вести Македонија

Најдени 26 украдени велосипеди- ограбените може да ги најдат во ПС Карпош

Скопската полиција уапси двајца крадци на велосипеди и скопјанец кој ги откупувал украдените велосипеди.

Крадците според МВР се на возраст од 22 и 24 години, а осомничени се за дело тешки кражби на велосипеди. Приведен е и 53 годишен скопјанец кој ги откупувал велосипедите и со тоа според МВР извршил кривично дело прикривање.

Во магацините на тројцата крадци се најдени и одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ.

Полиција ги повикува граѓаните кои биле жртви да дојдат во полициската станица Карпош секој ден меѓу 9 и 15 часот на препознавање на велосипедите и објави фотографија со дел од откриените велосипеди.

 

-Двајцата првопријавени извршувале кривични дела “тешки кражби“ на велосипеди, тешки кражби во подрумски простории и тешки кражби во станови на подрачјето на Скопје, по што украденото го продавале кај третопријавениот, кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови, стои во соопштението на МВР.

Со летната сезона зачестија и кражбите на велосипеди, а некои од крадците дури беа снимани со безбедносни камери. Влегуваа слободно во згради, ги наоѓаа велосипедите и потоа бегаа користејќи го пленот.

Граѓаните –велосипедисти се жалеа дека нема никаква полициска активност за откривање на разбојниците на две тркала. Годинава, ова е прва поголема полициска акција за сузбивање на кражбите на велосипеди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе