Свет

Мирни протести со седење во Белград , Нови Сад и Ниш

Неколку илјади граѓани и вечерва протестираа во центарот на Белград, Нови Сад и Ниш. Луѓето одговорија на повикот објавен на социјалните мрежи со седење на улиците да се дистанцираат и издвојат од провокаторите кои синоќа ги предизвикаа безредијата и жестокиот судир со полицијата. Протестни прошетки биле одржани и во Крушевац и Врање.

Демонстрантите пред српското собрание истакнале и натписи со наслов “Не наседнувај на провокациите, седни” и “апси ги хулиганите, не го тепај својот народ”. Засега не се забележува големо полициско присуство, иако според медиумите, полициски кордон и коњица се распоредени во близина на парламентот.

Претходно, забрана за собирање на повеќе од 10 луѓе на отворен и на затворен простор, е една од трите мерки за Белград кои ги воведе Кризниот штаб, наводно со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, но и како начин за справување со граѓанското незадоволство од режимот на Вучиќ.

Планот за најавениот полициски час беше повлечен, но демонстрантите синоќа во огромен број излегоа на улиците. На почетокот мирно, но брзо почнаа судирите со полицијата.

Полицијата со солзавец ги протера назад демонстрантите, кои откако се регрупираа повторно надоаѓаа, постојано фрлајќи камења, лопати и други предмети кон полицајците.

Стампедо настана во делот на булеварот кај црквата „Свети Марко“ откако таму полицијата испали голема количина солзавец, па демонстрантите побегнаа кон паркот Ташмајдан.

Резултатот од синоќешните немири се 19 повредени полицајци, и 17 демонстранти. Уапсени се десетици учесници. Од полициската бруталност не беа поштедени ниту новинарските екипи, кои иако уредно се легитимираа добија пендреци и искинати легитимации.

Министерот за внатрешни, на вонредна прес конференција се обиде да го релативизира насилството што полицијата го употреби.

Ужасни работи се случуваа. Полицијата и покрај тоа на многу нормален и рационален начи ја врати контролата на целиот простор, каде се случуваа насилните демонстрации. Преземаме посебни мерки и дејствија за граѓаните на Србија да имаат слобода, и да не дозволиме кој било насилник да ги малтретира, изјави Небојша Стефановиќ

За голем број аналитичари, полицијата треба да одговара, за начинот на кој се справува со демонстрантите. Многумина се сомневаат и дека Владата на протестите испраќа хулигани за да прават нереди и да предизвикаат судири.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Дејан Дејан

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

Дејан Дејан

Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе