Вести Култура

Жељко Јоксимовиќ нема да настапи на „Охридско лето“

Бурните реакции на јавноста и домашните музичари за важноста на „Охридско лето“ и високоестетските критериуми на овој фестивал  беа причина раководство на Фестивалот да го преиспита својот став за настапот на Жељко Јоксимовиќ, и покрај тоа што преговорите со Јоксимовиќ сеуште течеа, во изјава за Телма потврди Поповиќ. Големиот број реакции се однесуваат на естрадизацијата на културата на која многу пати сведочиме.

  • Станува збор за прелиминарни преговори и Жељко Јоксимовиќ требаше и се размислуваше да настапи во офф програмата, повторувам во офф програмата на фестивалот, но дефинитивна одлука е да не настапи. Информацијата што протече по медиумите не беше точна  и тоа не беше конечна одлука за програмата на Охридско лето. Се уште испитуваме како протекоа информациите  и мене ми е многу жал дека протекоа неточни и невистинити информации, но за тоа ќе објавиме дополнително, вели директорката на Охридско лето, Наташа Поповиќ. 

     

    Како селектор на музичката програма на ова изданиеќе кажам дека ќе настапат врвни уметници како од македонската, така и од светската музичка сцена. Пред да се објави и да излеземе на прес, сакам да ги израдувам дека програмата е со една голема динамика и ќе настапат уметници кои што се носители на врвните признанија на најголемите конкурси на светската класична музичка сцена, вели Даница Стојанова, селектор на музичката програмата.

Јубилејното 60 то издание на „Охридско лето“ ќе започе на 4 август и ќе трае до 30 во месецот  со почитување на протоколите на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Уредбата на Владата.  Сите настани ќе се одржуваат на отворено на сцените на Античкиот театар, Долни Сарај и предворјето на црквата Света Софија. Содржините на фестивалот ќе бидат објавени на прес конференција во текот на претстојната недела.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

За Меѓународниот саем на книгата, ЈСП Скопје од четврток ги вклучува и линиите „100“ и „200“

Дејан Дејан

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Дејан Дејан

Намален бројот на ученици во основните и средните училишта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе