Македонија Топ вести

Уставниот суд без одлука за членот 353 од Кривичниот законик за злоупотреба на службена положба

Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука, туку судија решија да имаат подготвителна седница со експерт, во однос на членот 353, став 5 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на службената положба при јавни набавки.

Шетсмина од судиите беа за, да има подготвителна расправа, а двајца беа против , со образложение дека веќе долго време оваа точка е отворена пред Уставниот суд и дека има реферат од судијата известител, со кој се предлага да не се поведе постапка за иницијативата.

Но, сепак мнозинството од судиите иако рекоа дека се согласуваат со предлогот на судијата известител, сметаат дека е добро за ова битно прашање кое предизвикува јавен интерес да се слушнат и мислењата на еспертите.

Во текот на седницата имаше несогласувања меѓу судиите. Дел тврдеа дека предходно на работниот состанот никој не бил против, а денеска на седница велат дека нема потреба од подготвителна седница, со што одлуката се одложи.

 

Подготвителна седница се планира за на есен на крајот на септември или почетокот на октомври.

 

Оваа иницијатива предизвика големо внимание во јавноста, бидејќи е предложена од адвокат кој застапува голем дел од обвинети од СЈО, и доколку Уставниот суд ја укине одредбата и се врати на стариот член од КЗ постои опасност дел од предметите да бидат застарени.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нацрт-документот оди на ревизија – одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН

Дејан Дејан

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

Дејан Дејан

Рокот за приговори за постапката за гласање е до 19 часот, до полноќ за сумирање на резултатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе